Најтиражниот италијански спортски дневен весник Газета дело Спорт открива дека Јувентус оди на се или ништо во операцијата за доведување на Џанлука Скамака од Сасуоло.
Станува збор за 23-годишен напаѓач за кој клубот од Емилија Ромања бара „округли“ 40 милиони евра, но торинскиот гигант во моментов ги нема тие пари.
Сепак, Јувентус му понуди на Сасуоло двегодишна позајмица со обврска за откуп, па Сасуоло сигурно ќе ги добие бараните 40 милиони евра за две години.
Скамака забележа два настапи за италијанската репрезентација, а оваа сезона на 19 натпревари постигна шест гола за Сасуоло. Трансфермаркт го проценува на 15 милиони евра.
Јувентус неодамна се поврзуваше со доведување на Мауро Икарди од Пари Сен Жермен и Душан Влаховиќ од Фиорентина, но Газета тврди дека Скамака е првиот избор на тренерот Макс Алегри.