Атлетико Мадрид само три дена откако во еден трилер меч остана без осминафнале во ЛШ, доживеа нов срам и нокаут, попладнево загуби кај претпоследниот Кадиз во нова луда завршница со гол на домаќините во „стотата минута“ од мечот (3-2).
Атлетико успеа да се врати од веќе загубен меч во последните пет минути, па од предноста на Кадиз од 2-0 во 85-та минута, да ја претвори барем во бод благодарение на Жоао Феликс кој изнуди автогол (85.) и даде гол (89.), а откако Португалецот во 90+6-та минута не направи пресврт, ударот заврши крај голот, Рубен Сорбино ги дотепа мадриѓаните и со гол во 99-та минута на Кадиз му донесе голема победа.
Кадиз преку Тео Бонгнда донесе водство во првата минута, а Алеш Фернандес во 81-та ја дуплираше предноста, по што се случи новата луда завршница. Со победата Кадиз сега има 10 и дојде до третата позиција одзади, додека Атлетико со 23 остана трет, но Реал Сосиедад сега може да го прескокне ако победи.