Шпанската Барселона е сериозно заинтересирана за младиот аргентински талент Клаудио Ечевери. 17-годишниот играч имаше одлични настапи за неговиот клуб Ривер Плата и тоа го привлече вниманието на Каталонците како и на други клубови од Европа. Договорот му истекува во декември 2024 година, што го прави уште поатрактивен.
Ечевери игра како офанзивен играч за врска, па дури и го споредуваат со Лионел Меси во неговата татковина. Тој го привлече вниманието кон себе за време на Светското првенство за играчи до 17 години, каде и помогна на Аргентина да стигне до полуфиналето постигнувајќи хет-трик против Бразил. За него се заинтересирани и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
„Ечевери е голем талент. Освен трите гола што ги постигна против Бразил, тој е играч кој се истакнува со својот поинаков стил. Но, сега работите се во рацете на скаутинг тимот кој внимателно го следи”, призна Чави.
На почетокот на неделата се појавија информации дека Барселона веќе стапила во контакт со Ривер Плата и преговара за привлекување на овој талент. Се чини дека Каталонците се обидуваат да ги надминат ривалите за неговиот потпис. Двата клуба веќе разговараат за цената на играчот, тврдејќи дека мора да добијат најмалку 25 милиони евра од „Камп Ноу“ доколку сакаат да постигнат договор.