Фудбалерите на Селта Виго конечно го остварија вториот сезонски триумф во Ла лига, откако во 17. коло ја победи со минимални 1-0 (1-0) Гранада. Домаќините стигнаа до нови бодови после голема борба, а во завршните десетина минути останаа и со играч помалку , исклучен беше Аспас.
Селта започна далеку подобро од ривалот и сосема заслужено поведе во 22. минута преку Норвежанецот Ларсен. Гостинскиот голман Фереира направи голема грешка во својот шеснаесетник, а Ларсен најдобро се снајде во мешаницата и успеа да постигне луциден гол со пета. Минималната предност од 1-0 остана на полувремето, а овој погодок на крајот се покажа и како единствен на натпреварот.
Гранада имаше шанси да дојде до израмнување во вториот дел, посебно откако гостите од 80. минута имаа и играч повеќе, откако беше исклучен искусниот Јаго Аспас. Сепак, гостите од Андалузија не успеаја да дојдат до бод и домашниот тим конечно забележа конечен триумф со 1-0, прекинувајќи ја црната серија од единаесет натпревари без победа.
Селта Виго сега е на 17. место на табелата со 13 бодови, додека Гранада останува претпоследна, со само осум бодови на своето конто.