Во јули 2022 година на Себастијан Але му беше дијагностициран рак на тестиси.
Минатата година во февруари тој го победи ракот и му се врати на фудбалот, повторно заигра за екипата на Борусија Дортмунд.
Овој февруари, на Африканскиот куп, најпрво во полуфиналето постигна победнички гол, а синоќа во финалниот меч даде исто така гол за победа над Нигерија и ја донесе титулата на Брегот на Слоновата Коска на првенството на кое тие беа домаќини.
Животот на Себастијан Але за кратко време му донесе вистински ростер од емоции, од борба со рак до континентален шампион.