По пауза од две кола, екипата на Атлетико Мадрид стигна до цел плен во домашното првенство. Мадриѓани денес на „Ванда Метрополитано“ го совлада Бетис (3-0) во 12. коло од шпанската Примера.
Јаник Караско ја начна мрежата на Бетис во 26. минута.
Автоголот на Пецела ги демотивира играчите предводени од Мануел Пелегрини.
Последниот гол беше дело на Жоао Феликс. Атлетико Мадрид го прескокна Бетис на првенствената табела и сега стои на четвртата позиција.