Наполи доста тешко со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Салернитана во рамки на 11.коло во Серија А.

Единствениот гол за лидерот на табелата го постигн Пјотр Зјелински во 61.минута од натпреварот. Елиф Елмас влезе во игра само една минута претходно и учествуваше во акцијата за погодокот.

До крајот на натпреварот немаше голови, но имаше по еден црвен картон на двете страни. Прво беше исклучен домашниот фудбалер Кригорис Кастанос поради опасен старт во 70 минута, а кратко потоа предвреме во соблекувалната мораше и Калиду Кулибали.