Македонците Стефан Ристовски и Бојан Миовски немаа среќа со своите екипи во Конференциската лига бидејќи ниту еден од нив не запиша триумф. Шкотски Абердин ремизираше на гостувањето кај ПАОК (2-2) и испадна од натпреварувањето, додека Динамо Загреб беше поразен од Викторија Плзен со 0-1.

Абердин поведе со голот на Дјук во 14. минута, но радоста на гостите траеше кратко бидејќи Таисон израмни на 1-1 во 23. минута.

Така беше сè до 67. минута кога Самата погоди за пресврт (2-1), а потоа МекГрат израмни на 2-2.

Миовски влезе во игра во 79. минута на местото на вториот стрелец на Абердин, но немаше доволно време за да направи нешто посериозно за својот клуб.

ПАОК е прв во групата Г со 10 бодови, Ајнтрахт Франкфурт има девет на втората позиција, трет е Абердин со два бода а последен е ХЈК со еден поен.

Викторија Плзен му го нанесе третиот пораз по ред на Динамо Загреб во групата Ц, откако го постигна единствениот гол на натпреварот преку Чори во 35. минута од пенал.

Динамо падна на последната позиција и има три бода, односно еден помалку од Балкани и Астана, додека прва е Викторија Плзен со 12 бода.

Останати резултати:

Бешикташ – Бодо/Глимт 1-2
Чукарички – Фиорентина 0-1
Ференцварош – Генк 1-1
ХЈК – Ајнтрахт Франкфурт 0-1
Легија Варшава – Зрињски 2-0
Нордсјеланд – Спартак Трнава 1-1