За Ѓорческа ова беше четврти триумф во шестиот меѓусебен дуел со Романката, а утре ќе ја одигра седмата полуфинална пресметка во 2023 година. Противничка ќе ѝ биде втората носителка Екатерина Макарова (Русија), која денеска ја победи Кристина-Андреа Мицу од Романија со 7-6, 6-2. Ѓорческа и Макарова имаат одиграно еден меч, минатата година во финалето на фјучрсот во Ираклион, а победи Русинката по голема борба и меч во три сета (6-4, 5-7, 7-5).
Во второто полуфинале на турнирот ќе играат првата носителка Бренда Фрухвиртова (Чешка) и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија.