Филип Сердашуриќ, хрватскиот селектор е избркан од Австралија. Сердарушиќ пристигна во Австралија со медицинско ослободување како Новак Ѓоковиќ, не беше вакциниран, но ја надмина короната. Прво бил пуштен во Австралија, а потоа депортиран.
„Се појави можност да дојдам со ослободување. Не бев вакциниран, но имав корона во октомври. Мојот агент испрати позитивен тест и тест за антитела до Тениската федерација на Австралија, која го препрати до лекарите и до институцијата што се занимава со тоа. Добив зелено светло да дојдам, а поштата ми пристигна, мислам, на 10 декември“, ја започна приказната Сердарушиќ.
Откако дознале дека не е вакциниран, од граничната служба му рекле дека постои можност да оди во изолација на 14 дена. „Реков дека немаше да дојдам ако знаев дека ќе бидам во карантин. Госпоѓата со која разговарав тогаш го повика нејзиниот шеф кој ги прегледа документите, ги фотографираше и ми рече слободно да влезам во државата“.
Проблемите настанаа на денот на пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија. „На денот на пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ, во десет часот навечер ме повикаа од имиграцискиот центар да дојдам на интервју утре. Тениската федерација на Австралија испрати автомобил да ме земе еден час пред четвртфиналниот меч на брат ми.
„Отидов во хотел во Мелбурн, разговарав со играчите и имав две опции: да си одам дома легално или повторно да аплицирам за виза. Решив да заминам затоа што не сум толку голем како Новак за да се борам. Ако го запрат, мораа и нас да не спречат. Ниту јас ниту Новак не смисливме исклучок, работевме по нивни правила и ни дозволија да влеземе.
Тие можат политички да бидат посилни од нас помалите. Затоа сето ова се случува. Ја искористивме можноста што ни ја дадоа. Ако ме пуштиле мене и Рената Ворачова, но зошто воошто не пуштија? Мислам дека Тениската федерација на Австралија се надеваше дека тој ќе влезе како ние, но сите го знаат. Да не беше Новак, ова немаше да ни се случи“.