Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Астана откако го совлада Карен Хачанов во два сета со 6-4 и 6-3.
За Србинот ова е седма победа во осмиот меѓусебен дуел со рускиот ривал и воедно стигна до седмиот триумф по ред и 14-ти сет во низа без да загуби ниту еден. Во полуфиналето, Ѓоковиќ го чека подобриот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Роберто Баутиста Агут.
https://twitter.com/TennisTV/status/1578380437939838977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1578380437939838977%7Ctwgr%5E0db6ea227251739bde79b86089702ee4134b132d%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Ftenis%2Fgjokovikj-siguren-protiv-hachanov-za-mesto-vo-polufinaleto-video
Во второто полуфинале ќе играат Стефанос Циципас и Андреј Рубљов. Гркот го совлада Хуберт Хуркач со 7-6 и 6-3, додека Русинот беше подобар од Адриан Манарино со 6-1 и 6-2.