Македонската футсал репрезентација доживеа поразна стартот на квалификацискиот турнир кој се одржува во Шведска. И тоа токму од домаќинот Шведска со 5:2.
Нашиот национален тим немаше сила да издржи до крај иако имаше во поголемиот дел од дуелот поволен резултат, и прими голови во финишот.
Петровиќ донесе водство за нас, а потоа во серија Смајовиќ и Гаши погодија за пресврт и водство на Швеѓаните. Мицевски повторно ни носи егал во 28 минута, но потоа Гаши со својот хет трик, односно Најафи ја осигураа победата, за конечни 5:2.