Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19. години втор меч по ред на квалификацискиот турнир во Грузија останува непоразена. Денеска извлековме бод против репрезентацијата на Белорусија, со конечни 1:1. Иако бевме пред пораз, откако Карашчак погоди од пенал уште во 19. минута, сепак, собравме сили и израмнивме во последните моменти од мечот. Поточно, Веса Сеља погоди во 83. минута и ни донесе злато вреден бод.
Сега, Македонија е лидер на групата со 4 бода и обезбеди пласман во следната фаза од квалификациите.