Германскиот стратег на клупата на Барселона, Ханси Флик ја запиша првата победа во Ла Лига на гостувањето во Валенсија. Тој успеа да триумфира со еден комбиниран тим, од кој дел сепак беше играчот кој подоцна се приклучи на подготовките.

Германскиот стручњак имаше можност да го тренира Ламин Јамал во последните три недели, но од тоа што го видел на тренинзите, не бил изненаден од фактот што доби стоечки овации од трибините на „Месталја“.
Јамал имаше серија извонредни технички потези против Валенсија и му асистираше на Левандовски при голот за 1:1, а од досега понуденото, успеал да го импресионира и својот нов тренер.

– Ламин играше на Европското првенство и малку доцнеше со подготовките. Го имаме со нас во последните две ипол недели, но со неверица го гледам што прави на тренинзите.

– За нас е клучно да имаме контрола на топката и да имаме играч како Ламин кој може да ни помогне со лесни продори. Ламин ќе ни помогне во секој поглед како тим, особено ако не правиме технички грешки какви што правевме во првото полувреме против Валенсија, – изјави Флик.