Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години загуби катастрофално со 5-0 од Унгарија на пријателски натпревар кој се играше во Телки.
Избраниците на селекторот Ерхан Селими доживеаа вистински дебакл од своите врсници од Унгарија.
Шаботиќ и Радески за Македонија ги имаа најдобрите шанси за почесен гол, но не искористија ниту една од приликите.
Македонија играше во состав: Давид Илоски, Златко Радески, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Игор Ристов, Каменчо Андоновски, Хисар Али, Стефан Младеновски, Адмир Љатифи, Давид Стојановски;