Екипата на францускиот шампион ПСЖ ја оствари 15. победа во Лига 1, откако на домашен терен го совлада Лил со 3-1.

Во тимот на ПСЖ не се појави првата ѕвезда Килијан Мбапе. Напаѓачот доби сериозен удар во глуждот на минатиот натпревар и овојпат остана на клупата за резерви, но неговите соиграчи успешно ја завршија работата.

Јусуф Јазичи во шестата минута донесе водство за Лил и го шокира домаќинот, но ПСЖ брзо возврати. Парижаните брзо се пробудија и во десеттата минута Гонсало Рамош успеа да го израмни резултатот.

Александро со автогол им донесе предност на парижаните од 2-1.

Победата за екипата на Луис Енрике ја обезбеди Коло Муани во завршницата од натпреварот, кога погоди за 3-1.

ПСЖ е лидер со 50 бодови во Лига 1, односно 11 повеќе од Ница, додека Лил е четврти со 35 бода.