Фудбалерите на САД славеа против Панама со убедливи 5:1, со трите гола на Кристијан Пулишиќ, додека Мексико беше подобар од Хондурас со 1:0.

https://www.youtube.com/watch?v=3184Bi–P1w

Костарика го победи Ел Салвадор на гости со 2:1 и со тоа ја задржа четвртата позиција со 22 бода, што води до дополнителни квалификации. Панама е петта на табелата со 18 бодови, Ел Салвадор собра десет, Јамајка осум бодови, додека Хондурас е последен на табелата со четири бодови.

Засега сигурен патник во Катар е само Канада, додека во последното коло ќе се сретнат Костарика – САД, Јамајка – Хондурас, Мексико – Ел Салвадор и Панама – Канада.

Бод за директен пласман на Мундијалот ќе му биде потребен и на Мексико, додека на Костарика против САД во тој случај ќе и треба нереална победа од шест гола разлика.

Во спротивно, ќе мора да оди во бараж.

Standings provided by SofaScore LiveScore