Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија со 2:0 на гости кај Баер Леверкузен. Со оваа победа, Борусија стигна до 34 бодови и е на четвртото место на табелата со само три бода помалку од лидерот Баерн Минхен. Разликата меѓу лидерот и петиот Фрајбург е само три бодови, што само покажува дека борбата за титулата е отворена.