Наполи беше шокиран на својот стадион „Диего Марадона“, откако Кремонезе после пенал-рулет ги елиминира наполитанците во осминафиналето на Купот на Италија со победата со 5-4 и ремито 2-2 по 120 минути игра.
Кремонезе го расипа големиот ден на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас, кој првпат беше капитен на Наполи на официјален меч и со 23 години е најмлад капитен по Лоренцо Инсиње кој ја носел капитенската лента.
Но само две минути го делеа Наполи од пласман во четвртфиналето, за Афена Гјан да го однесе мечот во продолженија, а потоа го реализира последниот пенал. Трагичар е Станислав Лоботка, единствениот кој промаши од белата точка, откако за Наполи, Политано погодија Симеоне, Зиелински и Осимен, а кај Кремонезе сите петмина беа сигурни.
Пикел со гол во 18-та минута ги изненади наполитанците, но набрзина лидерот направи пресврт, прво Жуан Жесус во 33-та израмни во карамбол по корнерот на Елмас, а три минути потоа Џовани Симеоне комплетира пресврт и пласман во четвртфиналето.
Но, откако Елмас излезе пет минути пред крајот и Пјотр Зиелински го замени, три минути по излегувањето на македонскиот репрезентативец Адена Гјан израмни, а Наполи во продолженија не искористи фудбалер повеќе на теренот за да победи, па на крај испадна во пенал-рулетот.
Од минатата недела меѓу најдобрите осум се пласираа Интер, Торино, Рома и Фиорентина. Кремонезе во следната рунда го чека пресметка со Рома за место во полуфиналето.