Ракометната репрезентација на Македонија со три катастрофални порази го заврши настапот во групната фаза на СП што се игра во Полска и Шведска.
Ракометарите вечерва загубија со 35:26 од Аргентина и останаа последни во група Ф и настапите ќе ги продолжат во утешниот Президент куп.
Македонија беше безидејна во нападот, додека Гаучосите со лесни голови од контри успеваа да ја одржуваат и зголемуваат предноста.
Филип Талески со пет гола и Филип Кузмановски со четири беа најефикасни кај Македонија, додека Диего Симонет беше нерешива енигма, со осум гола беше прво има кај Аргентина.
Следниот натпревар Македонија на СП ќе го игра против Алжир на 19 јануари во рамки на Президент купот.