Ракометарите на Телеком Веспрем обезбедија пласман во четвртфинале во ЛШ откако вечерва и по вторпат беа подобри од ПИК Сегед во унгарската пресметка.
По победата на гости пред 7 дена со 13 голови разлика, Веспрем и вечерва ја потврди класата и вторпат славеше над своите лути домашни ривали, овој пат со 5 голови разлика 38:33.
Пик Сегед на моменти играше одлично и му создаде доста проблеми на домаќинот пред преполните трибини во салата на Веспрем. Особено добар беше стартот на вториот дел кога гостите дојдоа и во краткотрајна предност од еден гол разлика. На крајот, сепак Веспрем по вторпат славеше во меѓусебната пресметка и завери четвртфинале против екипата на Келце.
Вечерва најефикасен кај Веспрем беше Лауге со 9 гола, додека за ПИК Сегед блескаше Гарсиандиа со 10 погодоци.