Првиот меч во Полска заврши нерешено 32-32, а вечерашниот дуел во Франција во регуларниот дел заврши 25-25. Полјаците не промашија од линијата за седум метри, додека домаќинот еднаш не беше успешен, за огромна радост кај ракометарите на Висла. Тие можеа и во регуларниот дел да ја завршат работата со оглед што во последната минута влегоа со плус два (25-23), но на крајот примија гол во последните секунди за изедначување.
Висла во четвртфиналето за противник ќе го има германски Магдебург. Динамо Букурешт со гостинска победа над Кил (32-31) се збогуваше од годинашното издание на Лигата на шампионите. Во преостанатите два натпревари од оваа рунда утре се среќаваат Веспрем – Пик Сегед и Гог- Алборг.