Македонскиот репрезентативец, сега веќе екс-динамовецот Аријан Адеми, денеска и официјално беше промовиран како едно од засилувањата на Пекинг Гуан, пред почетокот на сезоната во кинеската Супер лига.
Во Динамо и македонската репрезентација, на дресот носеше број 5, сега ќе го носи број 45. „Петката“ му ја земал некогашниот бразилски репрезентативец Жозеф де Соуса, кој исто така е едно од осумте нови засилувања на Пекинг.
Адеми веќе потпиша тригодишен договор со четирикратниот кинески шампион, според кој ќе заработува 1,65 милиони долари по сезона. Ќе дебитира некаде на средината на април, кога треба да стартува новата сезона во Кина.