Екипата на Милан ја оствари третата победа во низа со триумфот на домашен терен против Рома со 3-1.
Натпреварот почна одлично за „росонерите“ кои веќе во 11. минута дојдоа во водство преку Адли. Францускиот напаѓач Жиру ја зголеми предноста на стартот од второто полувреме, Паредес од пенал ја врати неизвесноста, но Тео Ернандез со фантастичен гол на шест минути пред крајот на основните 90 ги постави конечните 3-1.
Со овој триумф, Милан остана на -9 во однос на лидерот Интер и на +8 пред четвртопласираната Фиорентина. Рома тоне се подлабоко бидејќи во последните пет кола има само една победа и се наоѓа на деветтата позиција на табелата.