Шкупи и Шкендија ремизираа (1-1) во големото дерби на Чаир. Шкупи ќе биде есенски првак и ја одржува предноста од осум бода во однос на Шкендија.
Македонија ЃП ја декласира Академија Пандев со 4-1 во Ѓорче Петров.
Работнички стави крај на серијата од пет меча без победа и оствари триумф (1-2) на гости против Брегалница.
Скопје ја совлада Струга Трим Љум со 1-0 со голот на Христијан Кировски во 77.минута.
Борец славеше под „Тумбе кафе“ против Пелистер со 1-3.
Ренова и Тиквеш ремизираа 1-1 во Тетово. Бурхан Мустафов во 56.минута обезбеди предност за „гипсарите“ во 56.минута, но израмни Анаел Нгоба во 72.минута.
ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 4-1
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-2
РЕНОВА – ТИКВЕШ 1-1
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 1-3
СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-0