РБ Лајпциг го отпушти тренерот Марш поради слабите резултати, а неговата замената е мајдена.

Тоа ќе биде Доменико Тедеско, до неодамна тренер на Спартак од Москва, кога го сметаат за еден од најперспективните во Европа.

Тедеско ја напушти Москва поради семејни причини, не доби отказ, па е слободен на пазарот.

Тој е роден во Италија, но израснал во Германија, каде морал предвреме да ја заврши кариерата и да се посвети на тренерската работа.

Верувале или не, тој како тренер почна на 23 години во јуниорските категории на Штутгарт.

Подоцна работеше во Хофенхајм, а прва работа во сениорскиот фудбал му беше Шалке со кој направи чудо.

Во првата сезона тој беше вицешампион, веднаш зад Баерн, а погледнете каде е Шалке само четири години подоцна.

Тој го напушти клубот во 2019 година кога замина во Спартак.

Тедеско е роден 1985 година, тој е многу млад стручњак кој доаѓа во идеален клуб за него .