Баерн Минхен стигна до триумф во супер интересен натпревар од првото коло на Бундеслигата со 2-3 (0-1) на гости кај Волфсбург.
Избраниците на Винсент Компани имаа многу повеќе од играта во првото полувреме, создадоа 4-5 одлични шанси за гол, но искористија само една. Џамал Мусиала jа затресе мрежата на домаќините во дваесеттата минута, потоа имаше уште една одлична шанса за двојна предност, но на паузата Баварците водеа со 0-1.
Второто полувреме донесе поголема возбуда за домашната публика, а Волфсбург со два брзи гола успеа комплетно да направи пресврт во своја полза. Автор на двата гола беше Хрватот Ловро Мајер. Најпрво погоди од пенал во 47. минута, а потоа ги доведе домаќините во водство само осум минути подоцна.
Фаворитот продолжи во ист ритам, напаѓаше од сите страни и успеа повторно да го врати водството на своја страна. Хари Кејн испрати одлична топка во вистински момент за Серж Гнабри, кој немаше проблеми да го совлада домашниот голман и ги постави конечните 2-3 во 82. минута.
Томас Милер испиша историја, го одигра 709-тиот официјален меч во дресот на Баерн, а го надмина легендарниот голман Сеп Маер на првото место на бундеслигашки средби, со 474 меча.
Баварскиот гигант ја забележа првата победа сезонава, а во следното коло ќе се соочи со Фрајбург пред својата публика.