Maкедонскиот дефанзивец, Јован Манев донесе бод за својот тим Адана Демирспор на гостувањето кај Касимапаша.

Тимот на македонскиот дефанзивец губеше со 2:0, но на крајот успеа да дојде до 2:2. Голот со кој донесе бод Манев го постигна во третата минута од судиското продолжение.