Синоќа Бобан Николов го спаси својот тим Шериф Тираспол на гостувањето кај Шахтјор и донесе бод со кој Шериф обезбеди европска пролет во Лигата на Европа.
„Покажавме дека сме зрел тим, дека не се плашиме од никого и дека заслужено ќе играме во Лига на Европа. Среќен сум за резултатот кој го оствари мојот тим, без разлика на тоа кој ќе го постигнеше голот. Игравме добро во второто полувреме и воопшто не се приметуваше на теренот дека играме против великан како Шахтјор, предводен од еден од најталентираните млади тренери, Роберто Де Зерби, кој е како Гвардиола. Ја ‘затворивме’ Лигата на шампионите како што посакуваме и уште еднаш докажавме дека победата над Реал Мадрид не била случајна“ изјави Николов.