Ракометарите на Вардар денес во Хрватска ќе се обидат да ја прекинат низата од шест порази и да го задржат шестото место на табелата во гурпата А во Лигата на шампионите, со кое би обезбедиле пласман во осминафиналето.
„Ова ќе биде тежок натпревари, тие играа одлично во Монпеље, ние против Кил. Ова е пресметка која и двата тима сакаат да ја добијат за да си ги зголемат шансите за шестото место а со тоа и пласманот во осминафиналето. Мислам дека Вардар се крена, дека игра добро и дека дојдовме до противниците кои се со сличен квалитетот како нашиот.“ – изјава тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ.
Дуелот во Загреб започнува од 20:45 часот.