Хрватскиот пивотмен Томислав Кужан се сели во Бундеслигата. Тој ќе го замени дресот на Еурофарм Пелистер со оној на Вецлар, со кој потпиша договор до летото 2023 година.
Германскиот клуб му плати клаузула на Еурофарм Пелистер за одличниот пивот, кој пристигна во Битола од Ла Риоха пред почетокот на минатата сезона.
Во дресот на вицешампионот на Македонија и освојувач на Суперкупот на оваа земја, 26-годишниот Кужан се стекна и со статус на репрезентативец на Хрватска. Битолскиот клуб профитираше финансиски од овој трансфер, но сега е принуден да најде соодветна замена за позицијата пивотмен.
Во тимот на Вецлар успешно настапува Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски .