Самир Насри своевремено важеше за еден од најталентираните играчи за врска во светот, а пред некој ден и официјално ја заврши својата кариера. Фудбалерот, кој во текот на кариерата играше за Арсенал и Манчестер Сити, не го покажа целиот свој потенцијал до крај поради развратниот ноќен живот кој беше проследен со алкохол, лесни жени, а своевремено падна и на допинг тест.
Колапсот на неговата кариера се случи во периодот кога беше играч на Севиља, а тој дојде таму откако беше убеден од Хорхе Самаполи, кој денес е тренер на Олимпик Марсеј.
Темпераментниот аргентински тренер, кој дури и сега покажа „жешка латино крв“ во Франција за време на судирот помеѓу неговите играчи и навивачите на Ница, имаше специјални методи за да го убеди Насри да потпише за Севиља .
– Сампаоли многу ме сакаше. Еднаш ми рече, дојди во нашиот тим, можеш да пиеш, излезгувај во клубови, направи што сакаш, јас ќе те покривам. Единствено што те замолувам е да играш добро на натпреварите – изјави Насри.
Меѓутоа, токму додека играше за Севиља, Насри доживеа неуспех бидејќи за време на еден третман во Лос Анџелес, тој доби инјекција со витамин каде имаше предозирање, што не е дозволено со анти-допинг правилата, по што доби 18 месеци суспензија, што буквално ја уништи кариерата.