Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман го отпиша 22-годишниот Микаел Куисанс.

Билд претходно објави дека играчот од средниот ред не сака да тренира бидејќи смета дека е премногу добар за да седи на клупата за резерви на Баерн.

Клубот не го толерира неговиот став, а соиграчите го сметаат за арогантен и груб. Тој ги повреди соиграчите Марсел Сабицер и Свен Улрајх на последните тренинзи, па тренерот Нагелсман имаше специјални разговори со него.

https://twitter.com/iMiaSanMia/status/1439917905576071173?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1439917905576071173%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fbayern-daje-otkaz-igracu-od-deset-milijuna-eura-bild-nitko-ga-u-klubu-ne-podnosi%2F2307091.aspx

Беше договорено Куисанс да го напушти Баерн во јануари. Германскиот шампион ќе се обиде да го продаде. Во случај никој да не понуди пари за Французинот, Баерн ќе го отпушти.

Куисанс пристигна во Баерн летото 2019 година за десет милиони евра од Менхенгладбах. Во кариерата, тој уште играше и за вториот тим на Нанси и Марсеј.