Серхио Агуеро летово се пресели како слободен играч од Манчестер Сити во Барселона. Се уште нема настап а причината зошто тренерот на тимот Роналд Куман се уште не го искористи се хроничните проблеми со повредите на аргентинскиот напаѓач.
Агуеро се уште не ја залечил целосно повредата на листот, но шпанските медиуми се занимаваат со датумот на неговото враќање на теренот и премиерите во дресот на Барселона.
Барселона утре го игра натпреварот во Лигата на шампионите против Бенфика, а потоа во сабота ќе игра во првенствениот натпревар против Атлетико Мадрид. По тој натпревар ќе следува двонеделна пауза, а потоа натпревар против Валенсија.
За тој натпреват Агуеро треба да биде подготвен и да го има своето деби за Барса.