Мечот за домаќините тргна како што посакуваа, односно со гол уште во 11 секунда на Елмас, кој една одбиена топка испрати во мрежата на гостите од Русија. Меѓутоа, проблемите за Наполи почнаа по црвениот картон на Руи во 29. минута од мечот.
Во второто полувреме Спартак направи целосен пресврт, и тоа со головите на Промес и Игњатов во 55. и 81. минута. А дополнителен шок за Наполи беше и вториот гол на Промес на истекот на 90. минути (1-3). Сепак, поразот го ублажи Осимхен со погодокот во 94. минута за 2-3.