Екипата на Ријека оствари важна гостинска победа против Славен, а херој на победничкиот тим  во Копривница беше дефанзивец на гостите.

Стоперот на Ријека, Нико Галешиќ ја зеде топката од својот голман и откако не пронајде соиграч заинтересиран за соработка и да му ја додаде, тргна кон противничкиот гол.

Метар по метар, Галешиќ се пробиваше низ одбраната на Славен која како да го потцени дефанзивецот, па фудбалерот на Ријека на крајот со мајсторски завршен потег го постигна голот за победа 0:1.