Барселона имаше катастрофална увертира за новата натпреварувачка сезона откако каталонскиот гигант загуби со убедливи 0-3 на домашен терен од Монако во рамките од „Гампер купот“, меч што вообичаено служи за каталонските фанови да ги видат на дело своите миленици пред официјалниот старт на Ла Лига.
Овојпат фановите немаа ништо добро да видат откако Барса беше надиграна од францускиот тим, губејќи со убедливи 0-3 за огромни главоболки за тренерот Флик пред премиерниот дуел со Валенсија претстојниот викенд.
На германскиот стратег Ханси Флик не му е баш најпријатно, очигледно го чека тешка работа во Барселона.
Во првото полувреме немаше многу шанси, само по еден удар кон двата гола. Сепак, тимот од Кнежевството беше многу подобар во продолжението.
Монако поведе со голот на Камара во 50. минута, седум минути подоцна Емболо го зголеми водството, а конечниот резултат го постави 19-годишниот Мавис-Елеби во 86. минута.
https://twitter.com/i/status/1823077644126343201Дополнителен проблем за Флик се и повредите на двајцата искусни фудбалери, Роберт Левандовски и Илкај Гундоган, кои предвреме го завршија натпреварот со Монако.
https://twitter.com/i/status/1823082051941417328Новата сезона во Примера започнува викендов, а Барса во првото коло ќе се сретне со Валенсија на „Местаља“.