Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу е на мета на навивачите на Милан по првото дерби сезонава кое го одигра за Интер против поранешниот клуб.

Навивачите на „росонерите“ особено му се налутија на играчот од средниот ред што ја зеде топката во раце во 10. минута за да го изведе пеналот, иако тоа обично го прави Лаутаро Мартинез.

Затоа, ден по нерешениот резултат 1:1, кој повеќе му одеше во корист на Милан, група навивачи закачија транспарент на кој посегнаа по личниот живот на турскиот репрезентативец.

На транспарентот пишуваше: „Храброст не е ако изведеш пенал во 10. минута, туку останeш со жената што те изневерила“, пишувало.

Аферата од личниот живот на Чалханоглу се појави минатата година, а навивачите сега вешто ја користат без да му простат на играчот кој реши да го облече дресот на ривалот Интер за само половина милион поголема плата.

https://twitter.com/premiervesuper/status/1457794968609718276?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1457794968609718276%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2Fpremiervesuper2Fstatus2F1457794968609718276widget%3DTweet