Гундоган беше клучен играч во историската сезона на Манчестер Сити во која беше освоена трипла круна, но по долго размислување, сепак решил да не продолжи во Сити како „граѓанин“ и да се пресели на „Камп Ноу“.
Германецот со турско потекло дал зелено светло за комплетирање на трансферот и како слободен агент ќе потпише двогодишен договор со Барселона, со опција истиот да биде продолжен за уште една дополнителна сезона.
Угледните „Мундо Депортиво“, „Спорт“ и „Марка“ ексклузивно објавија дека работата треба да биде комплетирана до крајот на денот, а спортскиот директор Матеу Алемани веќе е „уловен“ во Минхен каде ќе води завршни разговори со Гундоган.
https://twitter.com/BarcaUniversal/status/1671497400811233280?s=20