Полјакот Роберт Левандовски ја освои титулата во Ла Лига во својата прва сезона како член на Барселона, но беше и најдобар голгетер во Ла Лига со 23 погодоци.
– Имаше еден момент кога цел свет сфати дека имаме големи шанси да станеме шампиони и од тој момент почнавме да играме со рачна сопирачка. Точно е дека победивме многу натпревари со резултат 1:0, и тоа со малку шанси на тие натпревари.
– Игравме како да имаме рачна сопирачка во нашите раце. Притисокот си го направи своето, напаѓавме со помалку играчи, бидејќи голем дел од нив не знаеја како е да се освои домашно првенство. Притисокот беше многу голем, но на крајот успеавме во тоа што го замисливме и зацртавме, – вели Левандовски.