Реал Сосиедад вечерва како гостин во Виго ја совлада Селта со 2-0 и го задржа првото место на табелата во шпанската Ла Лига.
Тимот од „Сан Себастијан“ игра навистина одлично оваа сезона. Вечерва стигнаа до седмата победа и по 11 одиграни кола го држат првото место на табелата.
Натпреварот на стадионот Балаидос во Виго беше решен во второто полувреме кога Реал вечерва ги постигна двата гола.
Гостите поведоа во 55. минута. Изведоа убава акција, а Александар Исак ја заврши за предност од 1-0.
Точка на овој натпревар беше ставена во 79. минута. По корнерот најдобар во скокот е Ариц Елустондо за конечен резултат од натпреварот 2:0.
По 11 одиграни натпревари Реал Сосиедад има 24 бодови и е прв на табелата пред Реал Мадрид (натпревар помалку) и Севиља и Бетис кои имаат по 21 бод.
Селта моментално е на 14. место со 10 освоени бодови.