Во рамките на 12. коло во француското фудбалско првенство утре силите ќе ги одмерат актуелниот лидер ПСЖ и актуелниот шампион Лил.
Актуелниот француски шампион не ја отвори добро сезоната. По 11 одиграни кола е на 10. место, а утре ќе ги одмери силите со лидерот на табелата ПСЖ кој досега натпреварите најчесто ги играше без сите расположливи играчи.
На денешната прес-конференција тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино истакна дека еден од најдобрите играчи на сите времиња Лионел Меси е повреден и дека неговиот настап е доведен во прашање.
Покетино објасни дека Меси тренираше со тимот по дуелот со Марсеј, но дека денеска тренираше одвоено од тимот поради болки во мускулите.
Сепак клубот подоцна објави дека Меси ја надминал ситуацијата со повредата и утре ќе биде фит и подготвен за настап.
Да потсетиме, Меси одигра четири натпревари во првенството за ПСЖ и се уште нема голови на своето конто.
ПСЖ по единаесет кола е на врвот на табелата со 28 бодови, додека второпласираниот Ленс има 21 бод.