Шкендија се пласира во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако попладнево во Ереван на реванш средбата со Арарат одигра 2:2, па така со вкупни 2:4 си закажа двомеч од втората фаза со Валмеира од Летонија.
Тетовци одиграа блескаво во првото полувреме, имаа водство од 0:2, но во второто се опуштја и примија два непотребни гола, и тоа преубави.
Сепак најважно е што ја остварија целта, а таа беше пласман понатаму.
И повеќе од одлично почна првиот дел и тоа водство на Шкендија. Се играше 2.минута кога Браво си даде автогол за радост на тетовци. По опасната контра на нашиот тим, Шаља ја сврте топката пред голот на домашните а таму Браво си ја затресе сопствената мрежа.
Нема што, тоа беше голем шок за Арарат, а Шкендија разиграна во поле, со опасни контри и шанса. Сепак во 6.минута Арарат даде гол, но заради офсајд беше поништен, со право.
Шкендија навистина беше опасна, Дориев во два наврати имаше супер шанси. Првиот пат тој го промаши цеклиот гол, за вториот пат домашниот голмано Потапов успеа да спречи водство. Арарат се закануваше, беше агресивен, но ништо, Шкендија ја контролираше играта.
Во последните секунди од првиот дел, Хасани нафрли од корнер а Гури со фантастичен шут со глава зголемува на 0:2. Со тој резултат се замина на пауза.
Ако првиот дел започна одлично за нашиот тим, тогаш тоа не може да се каже за вториот. Имено Арарат тргна на се или ништо, по една долга акција пред казнетиот простор на Шкендија топката дојде до Г. Малакјан а овој од 25 метри испрати вистинска бомба за прекрасен гол, за 1:2.
Сепак Шкендија и натаму има голема предност, и тоа во тие моменти од 1:4, ако се смета резултатот од првиот меч.
Овокј гол значеше и уште поагресивна игра на Арарат.
Сепак Шкендија навреме ја стопираше таа агресивна игра и играта влезе во некои мирни токови што се вели до таа 70.минута. Во меѓувреме стратегот на тетовци Артим Шаќири им даде шанса на повеќе свои играчи кои влегоа од клупата, како Нафиу, Вондра, Вагнер.
Сепак Арарат стигна до израмнува, и тоа повторно тој Гор Малакјан кој во 80. даде гол за 2:2.
И по тој гол Арарат тргна на се или ништо.
Сепак на крајот резултат гласеше 2:2 или вкупно 2:4 за Шкендија.
1.квалификациско коло во ЛК – реванш (0:2 прв меч)
АРАРАТ – ШКЕНДИЈА 2:2 (0:2)
Национален стадион во Ереван. Судија: Олексиј Деревински (Украина). Стрелци: Г. Малакјан 49., 80. (АРА), Браво (авт) 2., Гури 45.+3. (ШКЕ). Ж. Картони: Диаз, Г. Малакјан, Ишканјан (АРА), Хасани (ШКЕ).
АРАРАТ: Потапов, Браво, Ишканјан, Мкојан, Легбо, Диаз, Г. Малакјан, Аракалјан, Манојан (66. Исах), Е. Малакјан, Глишиќ (46, Хакобјан).
ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Цаке, Незири (63. Вондра), Дита, Ф. Рамадани, Шаља (63. Вагнер, 85. Маневски), Хасани, Дориев (63. Нафиу), Гури (75. Стојановски)