Екипата на Академија Пандев чесно се прости од овогодинешното натпреварување во Конференциската Лига. Поточно во квалификациите за ова натпреварување во кои во првото коло се елиминирани од тимот на Лехиа од Полска. Во првиот дуел загубија со 4:1, а денеска компплексот Петар Милошевски во Скопје со 1:2
Целиот денешен меч мина во добра фудбалска атмосфера во која струмичани дадоа се од себе за да извлечат позитивен резултат и да не загубат. Играа, се бореа, создаваа шанси и конечно, постигнаа гол, а заслужија и повеќе, но на крајот сепак не издржаа да ивлечат барем реми против реално пресилниот противник.
Мечот стартуваше со борбена игра во која Гајос ја имаше првата шанса за гостите, а потоа Академија Пандев беше таа која заслжи водство. Во три наврати се закани, со удар од далечина, па од корнер кога Маронг од петерец не реализираше, како и по ударот на Велиновски. Следуваше ладен туш, затоа што во тие моменти Академија Пандев се понадева дека ете доколку погоди на време, можно е и нештата да тргнат во нејзина полза. Токму Гајос погоди во 37. минута за смирување на домашните страсти, по што и онака веќе најавениот пласман на полјаците во следната фаза доби и гостинска верификација.
https://www.youtube.com/watch?v=jBwElbnsMms
Домашниот тим на Академија Пандев ниту во вториот дел не се откажа од намерата да се надигрува напротив, и во овој дел создаде неколку ситуации, а ја искористи онаа во 59. минута. Маронг одлично асистираше за Митровски, а овој со лева од прва погодува за 1:1.
https://www.youtube.com/watch?v=zd4Pn83FccE
Иако сите се понадеваа дека Академија Пандев ќе остане непоразена на овој дуел сепак, во самиот финиш резервистот Пиетжак успеа да погоди по еден контра напад и да обезбеди конечен триумф за Лехиа од 1:2 на овој меч, а вкупни 2:5.