Челси ја оствари деветтата победа во Премиер – лигата оваа сезона совладувајќи го Лестер на гости на „Кинг Пауер“ со 0-3. Тимот на Томас Тухел покажа доминација и сега има шест бода на врвот на табелата пред Манчестер Сити кој утре го пречекува Евертон.

Антонио Рудигер во 14.минута донесе предност за Челси, а Нголо Канте ја удвои во 28.минута. Опоравениот Кристијан Пулишиќ во 71.минута го потврди убедливиот триумф на лондонскиот тим.