Фудбалерот на Ајакс и капитен на српската репрезентација, Душан Тадиќ беше херојот во победата на неговиот тим над РКЦ Валвијк, кој во последните моменти од натпреварот го постигна голот за победа на својата екипа.

Ајакс за малку ќе направше од готово вересија, на полувремето водеше со 2-0, но РКЦ се врати во вториот дел и израмни, за Душан Тадиќ со својот гол во 90. минута да го реши прашањето на победникот и да спречи сензација.

Но, на новинарите им „пречеше“ тоа што лентата на раката Тадиќ имаше стандардни мотиви, а не украински. Бидејќи сите капитени во ова коло носеа ленти со украинско знаме како поддршка за Украина.

Затоа, на прес-конференцијата по натпреварот тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг беше прашан зошто е тоа така, откако пред само неколку дена во Купот против АЗ Алкмар Тадиќ носеше лента со украински мотив.

„Сам го дадовте одговорот. Го носеше против АЗ Алкмар“, одговори Тен Хаг.

https://twitter.com/DT10_Official/status/1499505197017665546?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1499505197017665546%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fkapetan-srbije-jedini-nije-nosio-ukrajinske-boje%2F2345242.aspx