Навивачот на австралиската репрезентација кој на мечот Австралија – Франција на трибините го развеа македонското знаме со сонцето од Кутлеш, денеска во Катар покажа дека и љубовта кон клубот Вардар е голема и нема граници.
Нашинецот Васе на мечот на Австралија со Тунис, со себе носи знамиња на ФК Вардар, и на таков начин му го честиташе 75-тиот роденден.
И маскоти пред стадионот, и други навивачи позираа со пораката на Комитите: „Еден живот, една љубов“