Првата ѕвезда на „кралевите“ Карим Бензема, кој според сите најави ќе биде нова „златна топка“, беше трагичар откако промаши пенал во 79-та минута од мечот и неговиот удар од белата точка заврши во пречката, а две минути потоа ВАР му поништи гол од офсајд, па Реал Мадрид не го искористи моментот од 18-на минути сосе надополнувањето со фудбалер повеќе да ја продолжи победничката серија.
Винисиус Жуниор даде гол за водство во 42-та минута, но Осасуна ги шокираше шампионите со гол на Кике Гарсија, па завршницата беше возбудлива откако гостите од Памплона останаа со десетмина по исклучувањето на Унај Гарсија, ама не искористија ништо од тоа.
Реал сега има исто бодовно салдо како и Барселона во Ла Лига, по 19 бода, додека Осасуна дојде до својот 13-ти бод и е на шестото место на табелата.