Повредата на коленото го запре Лео Меси кој ќе го пропушти натпреварот против Мец, кој е закажан за седмото коло
Аргентинската фудбалска sвезда Лионел Меси го пропушта натпреварот од седмото коло во францускиот шампионат против Мец поради мала повреда на ногата, објави во соопштение неговиот клуб ПСЖ.
„Лионел Меси, откако доби удар во левото колено, утрово беше подложен на магнетна резонанца и потврдена е контузија, поради што ќе се направи нова проценка за тежината на повредата во следните 48 часа“, се вели во соопштението на парискиот клуб.
Аргентинскиот фудбалер, кој дојде од Барселона ова лето, беше сменет на 14 минути пред крајот на натпреварот во кој ПСG во неделата на домашен терен го победи Олимпик Лион со 2-1