Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски официјално е прогласен за добитник на „Златната копачка“ за минатата сезона.
Во текот на претходната сезона, и покрај едномесечната пауза поради повреда, Левандовски постигна повеќе голови од шест клубови во Бундеслигата.
Поточно, тој постави нов рекорд во германската лига со 41 постигнат гол .
По тој повод во Музејот на клубот Баерн се одржа церемонија, а Полјакот им се обрати на присутните особено заблагодарувајќи им се на сопругата и соиграчите.
„Горд сум на она што го постигнавме како тим“, рече тој.
Претходната сезона беше шеста по ред во која Левандовски постигна повеќе од 20 голови во Бундеслигата, а оваа сезона ја отвори со седум постигнати голови на првите пет натпревари ,